Почитувани, Ви благодариме што ја отворивте нашата страна, тука можете да добиете информации за дел од производите и услугите што ги нуди нашата компанија.

      Д.П.Т.У „Техно Арт“ дооел увоз-извоз, Скопје ги бележи своите почетоци од 1989 година, на почетокот како претпријатие со три вработени од кои еден главен архитект и двајца врвни мајстори. Главната дејност на малобројното претпријатие во почетоците, е изработка на жичани елементи. Со зголемување на капацитетот на работа, како на домашниот така и на странскиот пазар се зголеми и потребата за отварање на повеќе работни места, денеска нашата компанија се состои од 6 вработени.

      Главна дејност со која работиме е опремување на дуќани со рачна изработка на метални полици, метални рафтови, гондоли, полици за цвеќе, елементи од жица и други типови на метални елементи во разни димензии и бои, по желба на инвеститорот.

      Производите што ви ги нудиме се со висок квалитет изработени од квалитетни материјали, заштитени со електро-статско пластифицирање кое обезбедува долготрајна заштита на материјалот.

      Техно Арт континуирано вложува напор да ги задоволи потребите на нашите купувачи преку квалитетот на производите, навремените и брзи испораки, техничко-технолошките иновации како и преку политика на цени на своите производи.

      Долгогодишниот опстанок на нашата компанија се должи на високо квалитетната изработка на производите како и добрата соработка со : Тутунски Комбинат А.Д. Скопје, Wrigley’s, BIC, Алкалоид, Зегин, Тобако, Рио-Кафе и многу други познати компании низ Македонија. Исто така производите на „Техно Арт“ се пласирани и надвор од Македонија и тоа во: Србија, Албанија, Косово и Црна Гора

      Доколку ви се потребни повеќе информации за нас ве молиме јавете се на еден од нашите контакт телефони, преку електронска пошта или едноставно...посетете не!

 

За секоја ваша желба тука сме да ви ја оствариме

Ве очекуваме!

 

„Техно Арт“

Производите на ТЕХНОАРТ

Производите на ТЕХНОАРТ се одликуваат со професионален дизајн и висок квалитет на изработка. На горните слики се прикажани дел од производите на ТЕХНОАРТ. Кликнете на некоја од нив и направете прошетка низ палетата на производи на ТЕХНОАРТ.